Големи терористички напади и се закануваат на Европа

Повеќе од 90 бомбаши самоубијци се подготвуваат да извршат напади во најголемите градови во Европа, пишува во интерен извештај на француската полиција.

Во документот се наведува дека терористите напредуваат во техниките за шифрирање и правење експлозивни направи за да ги остварат своите цели.

Извештајот има 55 страни, а изработен е ексклузивно за министерството за внатрешни работи на Франција. Во него увид имале новинари на Њујорк тајмс.

Во извештајот се наведуваат прецизни планови на џихадистите кои се откриени по нападите во Париз кои вклучуваат прецизно шифрирање, ангажирање на специјалисти за фалсификување документи и префрлување на експерти за составување експлозив од Сирија во Европа.

Бомбите кои ги користат терористите се лесни за правење. Траги од истиот експлозив се најдени на секое место кое е нападнато во Париз. Користен е експлозив од типот ТАТП, кој може да се направи од материјали што се користат во секојдневниот живот, како што се ацетон или средства за белење на алишта.Кога такви состојки ќе се помешаат стануваат многу нестабилни, а тој што се занимава со тоа, знае што прави, се наведува во извештајот.

Исто така се додава дека слабата контрола на границата им дозволува на терористите слободно да се шетаат ширум Европа без предизвикување на сомнеж, а од рака им оди и лошата комуникација на безбедносните служби на земјите од ЕУ.

 
 
22.03.2016 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега