Големо септемвриско изненадување за корисницте на А1 Македонија

А1 Македонија со огромно задоволство ја најавува новата атрактивна промоција наменета за деловни корисници која нуди решение за неограничена комуникација за сите компании - велат од телекомуникацискиот оператор.

Во рамки на септемвриската промоција, бизнис корисниците на А1 имаат единствена можност да искористат 6 месеци без месечна претплата за фиксините услуги во А1 Business Combo, како и да добијат до 150GB национален интернет во А1 Business тарифните модели. Дополнително за бизнис заедницата А1 подготви и зголемени буџети во рамките на нејзината понуда со што се зголемува и изборот за смарт уреди.

Оваа најнова промоција е дел од А1 Business тарифното портфолио за мобилни и фиксни услуги, со исклучителни поволности дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент. Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди.

Со оваа промоција А1 Македонија ја зацврстува својата заложба за креирање најдобри понуди и решенија кои одговораат на најразличните и најспецифични комуникациски потреби по мерка на деловните корисници

Повеќе информации за септемвриската промоција можете да најдете на www.a1.mk

06.09.2021 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега