Горан Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банка

Досегашниот директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски ќе биде нов генерален директор на Еуростандард банката, дознава Прес 24.

Тој поднесе оставка на досегашната функција потенцирајќи дека не се повлекува поради најавената „метла“ од владата, туку поради нова функција

„Апсолутно, нема врска со метлата. Ми кажаа дека медиумите пишувале дека има негативно мислење од Владата. Ако проверите, ќе видите дека мислењето за последниот поднесен извештај е позитивно во целост. Не би сакал повеќе да коментира, сакам само да се верификува оставката. Одам на друга функција“, вели Трајковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега