Гори во Гази Баба, Аеродром, Прилеп и Василево - пожарната на терен
Според најновите податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 12:00 часот денеска, во земјава се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, а пет се ставени под контрола.
Во моментов, активни се следниве пожари:
-
Општина Василево: Во село Нивичино гори нискостеблеста шума.
-
Општина Аеродром: На улица Гаврил Константиновиќ гори ниска вегетација.
-
Општина Гази Баба: На стрелиште Камник гори ниска вегетација.
-
Општина Прилеп: Помеѓу селата Царевиќ и Смолани гори мешана шума и ниска вегетација.
-
Општина Прилеп - Кавадарци: Помеѓу селата Никодин, Ракле и Фариш гори ниска вегетација и ретка шума.
Под контрола се следниве пет пожари:
-
Општина Велес: Кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, со еден крак кон Иванковци и втор крак кон Крушје, гори мешана шума.
-
Општина Дојран: Во село Николич гори нискостеблеста шума.
-
Општина Демир Хисар: На градската депонија пожарот е под контрола.
-
Општина Македонски Брод: Помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
-
Општина Илинден: Во село Мршевци пожарот на ниска вегетација е ставен под контрола.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа