Гори зграда во скопска Кисела Вода - голем број станари префрлени во болница

Голем пожар во скопска Кисела Вода. Предмалку пламени јазици ја зафатија зградата со број 1 на улицата Петар Дељан. Како што дознава Пресс24, пет противпожарни возила се на терен и го гаснат пожарот кој беснее. Амбулантни возила кои се на местото на настанот постојано носат станари од зградата кои најверојатно се затруле од чадот, но засега не се знае каква е нивната состојба.

Засега не се знае како избувнал пожарот.

Повеќе информации се најавени за подоцна.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега