Горивата повторно поскапуваат: РКЕ ги соопшти новите цени кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ

Согласно одлуката, горивата поскапуваат за 0,50 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар,

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) изнесува 52,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 52,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,428 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,824 ден/кг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.06.2020 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега