„Господи, те сакам“ биле последните зборови на папата Бенедикт Шеснаесетти

Папата Бенедикт Шеснаесетти, кој почина во саботата на 95-годишна возраст, бил свесен речиси до последен момент, соопштија извори од Ватикан.

Неговите последни зборови ги слушнала медицинската сестра која се грижела за него на 31 декември околу три часот по полноќ. Во тие моменти му требала постојана грижа, но бил целосно свесен.

„ Со шепот, но многу јасно, Бенедикт рече на италијански: „Господи, те сакам“, изјави за „Ватикан Њуз“ архиепископот Георг Генсвејн, личниот секретар на покојниот папа.

Генсвејн рече дека не бил присутен во моментот, но дека неговата медицинска сестра му ги пренела зборовите набргу откако папата ги кажал.

„ Тоа беа неговите последни зборови кои можеа да се разберат бидејќи после тоа повеќе не можеше да се изразува“, изјави соработникот на папата.

Папата Бенедикт Шеснаесетти почина во манастирот на Мајката црква во Ватикан на 31 декември. Неговото тело три дена беше изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар и илјадници луѓе му оддадоа почит.

Папата Франциско утре ќе ја води погребната служба и тоа ќе биде првпат поглаварот на Католичката црква да го погреба својот претходник.

Бенедикт Шеснаесетти ќе остане запаметен, меѓу другото, и по тоа што беше првиот папа во 600 години, кој поднесе оставка. Тој се пензионираше како поглавар на Католичката црква на 28 февруари 2013 година.

04.01.2023 - 18:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега