Гостиварец силувал малолетничка во селското училиште

Гостиварското основното јавно обвинителство донесе наредба за истрага против 67-годишник од гостиварско село за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Како што информнираат од обвинителството, осомничениот делото го сторил во текот на вчерашниот ден (2 април), кога искористувајќи го претходното познанство со детето го повикал во простории на старото селско училиште.

Детето давало отпор и било слушнато од минувачи, кои ја отвориле вратата и не дозволиле сторителот да побегне.​​

Јавниот обвинител кој постапува во предметот  доставил до Основниот суд во Гостивар и предлог за притвор за осомничениот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега