Град Скопје: Брзата реакција на пожарникарите не дозволи да има жрвти во пожарот

На денешниот пожар што се случи во близина на Градскиот Парк првото противпожарно возило стигна за шест минути од Карпош, а веднаш потоа и уште 5 противпожарни возила, со две цистерни од Комунална Хигена. Во гаснењето на пожарот учествуваа 20 пожарникари коишто пожарот го ставија под контрола. Нивната брза реакција не дозволи да има жртви или повредени, туку само материјална штета, реагираат од Град Скопје.

„Навистина е нехумано во вакви моменти да се собираат ситни политички поени кога скопските пожарникари го ризикуваат животот во гаснење на пожарот.

Скопските пожарникари досега многупати ја докажаа својата професионалност и пожртвуваност, а ваквите обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ никому не прават добро, туку напротив, само покажува непочит кон скопските херои“, стои во соопштението.

26.10.2021 - 18:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега