Град Скопје ја намалува комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари по квадрат

 Град Скопје продолжува со конкретните мерки за помош на скопските угостители во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот. За таа цел и оваа година Град Скопје продолжува со намалувањето на комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на пет денари по квадрат (колкава што е минималната цена дозволена со закон), согласно одлуката на Советот на Град Скопје донесена минатата година, истакнаа од Град Скопје.

Оттаму додаваат дека значајно е да се нагласи дека Советот на Град Скопје минатата година веднаш по почетокот на пандемијата усвои низа мерки за помош на домашната економија, а граѓаните кои работат во стопанството да ги задржат своите работни места и полесно да ги пребродат економските последици од справувањето со глобалната пандемија.

– Град Скопје е најголем чинител во македонската економија. Тука се остварува најголемиот дел од нашиот БДП, тука е најголемиот број на работни места, тука се остваруваат најголемиот дел од инвестициите во земјава. Работите не смеат да запрат и Град Скопје ќе продолжи посветено да работи на враќањето на парите назад во стопанството, преку обезбедувањето на повеќе средства за капитални инвестиции и одлагање на неприоритетните инвестиции, истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на минатогодишната седница на Советот на Град Скопје кога беше усвоен пакетот економски мерки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега