Град Скопје: Најзагадени градови во Македонија се Струмица и Тетово

Согласно светскиот мониторинг систем WAQI кој ја мери загаденоста во сите главни градови во светот, градот Скопје не се наоѓа во листата на топ 10 загадени градови, велат од Град Скопје.

Како што соопштуваат од Град Скопје, според истиот систем, најзагадени градови во Македонија, а со тоа и во топ 10 загадени во Европа се Струмица и Тетово, како и општините Гази Баба и Ѓорче Петров.

Од таму апелираат, пред објавување на информации, медиумите да ги проверат јавно достапните емпириски докази за загаденоста на воздухот во Скопје, но и во цела Македонија.

06.12.2023 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега