Град Скопје: СДСМ со препукувањата не им помага на граѓаните

„Наместо да се занимаваме со препукувања поттикнати секојдневно од прес конференциите и соопштенијата на СДСМ, порачуваме Владата да го реши проблемот со греењето во Скопје и својата енергија да ја насочи кон тоа“, возвраќаат од Град Скопје, преку писмено соопштение до медиумите.

„Градот Скопје и да сака не може да биде одговорен за проблемот со топлинската енергија во градот. Колку и да се обидува некој да прикаже поинаква слика фактите говорат дека цела одговорност е во рацете на Владата. Ниту градот Скопје има средства колку што има Владата на располагање, ниту има инфраструктура што ја поседува Владата да го разреши овој проблем, па ниту има ингеренции.

Алармантна е целата ситуација, а ние две недели се докажуваме кој што треба да прави во услови кога механизмите се во Влада. Ова требаше да се заврши како процедура уште пред пет месеци и да бидеме подготвени за ова сценарио“, стои во реакцијата.

 

14.01.2022 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега