Град Скопје: Славески не закажа итна седница, за советниците да ги донираат своите 500 евра за Леонид

„Со жалење констатираме дека претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески одлучи да не ја прифати иницијативата на градоначалничката Данела Арсовска за свикување на итна седница на Советот со единствена точка на дневен ред - откажување од месечните паушали на советниците со цел истите да бидат донирани за лекувањето на малиот Леонид Индов“, соопштија од Град Скопје.
 
„Славески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажаа дека единствено нешто кое ги интересира е месечниот паушал од 500 евра за седница, а не интересите и доброто на граѓаните. Славески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја покажаа својата малодушност и недостатокот на капацитет за пожртвуваност со цел остварување на општо добро, ставајќи ги своите лични финансиски интереси пред хуманоста.
Градоначаланичката на Град Скопје, Данела Арсовска како што најави, донира една своја месечна плата со цел помош на Леонид, дополнително на нејзина иницијатива Градот Скопје одржува хуманитарна акција која се одвива во сите средни училишта и јавни претпријатија под надлежност на Градот со цел што побргу да се соберат средствата потребни за лекување на младиот Леонид“, додаваат од Град Скопје.
23.02.2024 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега