Град со големина на лешник во Куманово - невремето направи проблеми

 

 

Пороен дожд и град го зафати Куманово вечерва пред 20 часот. Невремето беше проследено со силни електрични празнења и грмежи, а град со големина на лешник врнеше во поширокото централно градско подрачје.

Од регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека големи количини вода се слеваат на булеварот „Октомвриска револуција“. Информацијата ја потврдија и одговорните од ЈП „Водовод“ чии екипи се на терен.

Најкритично според директорот на „Водовод“, Горан Стојковски е на најниските точки во градот булеварот „Октомвриска револуција“ и „Никола Тесла“.

„Екипите се на терен и ги отвараат шахтите за атмосферска канализација“-вели Стојковски. 

 

 

 

12.03.2018 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа