Градоначалник и директори на јавни претпријатија се откажуваат од службени возила: Во време на финансиска криза ги кратиме и ги намалуваме непродуктивните трошоци

„Како што најавивме во време на финансиска криза ги кратиме и ги намалуваме непродуктивните трошоци. Од денес па во наредниот период јас како градоначалник, но и идните функционери под локална самоуправа, идните директори на јавните претпријатија нема да користат службени возила. И на овој начин истите возила ќе ги ставиме во функција на службите на Општина Штип за да бидат сервис према граѓаните“-ова го потенцираше на денешната прес-конференција, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

Тој дополни дека со ова ги кратиле непродуктивните трошоци, но и ја подобрувале функционалноста на Општината.

26.10.2021 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега