Градоначалникот кој однесе најголема победа во првиот круг денеска влегува во својата канцеларија

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски денеска попладне и официјално ќе влезе во својата градоначалничка канцеларија и ќе ја преземе својата должност. Тој на локалните избори победи уште во првиот круг освојувајќи речи си 10.000 гласа повеќе од својот противкандидат Александар Филиповски од СДСМ.
Тоа е најубедливата победа во сите скопски општини и втора најубедлива во Македонија зад градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој имаше околу 1000 гласа повеќе разлика пред противкандидатот.
Свеченоста во салата на општина Аеродром е закажана за денеска во 16 часот кога локалната канцеларија на ДИК на Муцунски и официјално ќе му го врачи решението.

ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство и во советот на општина Аеродром.

Имено, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во новиот совет на општината ќе има 14 советници, СДСМ 8 и Левица 5.

 

 

26.10.2021 - 07:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа