Градоначалникот Колев ја фати лопатата в раце и садеше садници (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, инфомираше дека Заедно со координаторите на советничките групи на Советот на Општина Велес, директорот на ЈКП „Дервен“ и претседателката на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите, денеска засадиле 12 повеќегодишни листопадни садници покрај новата пешачка патека на езеро Младост со што го заокружиле годинешново садење на дрвца во градот и на езерото.

На фотографиите може да се забележи дека, присутните со лопатите в раце, се фатиле за работа и ги засадија листопадните садници.
 
„Со задоволство можам да информирам дека годинешната акција на садење е повеќе од успешна затоа што се вклучија голем број на поединци, Здруженија на граѓани, политички партии кои насадија дрвца насекаде во градот но и на опожарениот дел на езеро Младост.
Упатувам голема благодарност до ЈКП „Дервен“ и до ШС „Бабуна“ како и до сите граѓани кои безрезервно учествуваа во оплеменување и зазеленување на јавните површини во градот и езерото Младост“, напиша градоначалникот Колев на Фејзбук.

22.12.2021 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега