Граѓаните изреволтирани: За покер апарати 6,5 милиони евра - за борба со загадувањето 1,6 милиони евра

Државната видео лотарија на Македонија со народни пари ќе добие 1.500 апарати за коцкање во вредност од повеќе од 6,5 милиони евра. Договорот бил склучен на 2 јануари со компанијата „Евро Гамес Технологи“, со седиште во Софија, Бугарија.

Македонските граѓаните се бесни на ваквата одлука и својот револт го изразуваат на социјалните мрежи.

„Тоа е тоа. Државата дава 6.5 милиони евра(!) за 1.500 апарати за коцкање. Со други зборови, државата, со парите на народот, станува спонзор на еден од најголемите пороци кои уништиле безброј животи и семејства, и купува апарати со кои и така сиромашниот и задолжен до гуша народ уште толку ќе го осиромашува и задолжува. За тоа дека со ова (ин)директно се уништуваат следните генерации е повеќе од јасно.

И замислете, државата одвојува 6.5 милиони евра за апарати за коцкање, а само 1.6 милиони за борба со аеро-загадувањето, од кое умираат над 3.000 луѓе годишно! Срамота!

А, за деца и родители што питачат и плачат за пари за лекувања и операции додека се прави оваа глупост да не ни почнувам“, гласи еден статус на Фејсбук.

„Државата да издвојува 6,5 милиони евра за машини за коцкање, а да умираат луѓе за лечење е ненорлана работа се додека народот не се крене во револуција, ќе има и легализација на проституција“, велат граѓаните.

„Болниците ни се хорор, они апарати за коцкање ќе купувале. Луѓе освестете се, сакаат да не уништат“, е еден од коментарите.

Во Собранието, повеќе од една година се одолговлекува Законот за игрите на среќа. Од Движењето против коцкање се жалат дека кај народните избраници нема интерес за решавање на проблемот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега