Граѓаните со остри реакции по поддршката на Филипче за Заев: Гледајте си го хаосот во здравството (ФОТО)

Не стивнуваат ниту коментарите со осуда на социјалните мрежи за изјавите на премиерот во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

Додека едни го осудија и побараа да даде оставка или пак неговите сопраттијци да се оградат од неговиот став, други го браниеа и го подржаа.

Еден од оние кои му дадоа поддржка на Заев преку социјалните мрежи беше и минизтерост за здравство Венко Филипче.

„Премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја. Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската унија. Досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме“ напиша Филипче на фејсбук а за кратко време имаше илјадници реакции и коментари.

„Докторе, вие влезете во сала а историјата оставете ја на историчарите“, „Венко со овој пост докажуваш дека не си лекар туку политичар , ме разочара“, „Ти да си го гледаш алот а не да го браниш Заев“ беа само некои од коментарите на граѓаните .

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега