Граничниот премин Евзони повторно затворен: Во Грција не може да се влезе преку Македонија

Граничниот премин Евзони требаше да биде отворен од денес, но сепак, во краток временски период овој граничен премин беше затворен, јави РТС.

Иако беше кажано дека граѓаните на Србија кои сакаат да одат на море од денес, ќе можат да стигнат до Грција по пократок пат, преку нашата земја, фејсбук-групата Nikana.gr објави дека Евзони е повторно затворен.

„Само што добивме известување дека од овој момент граничниот премин Евзони е повторно затворен до понатамошно известување. Промахонас е отворен и ќе остане отворен“, додаваат тие во соопштението.

Според неофицијалните информации, граничниот премин Евзони ќе биде затворен до 15 јули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега