Грчева: Бајден го предупреди Заев дека неговите коруптивни зделки и нарко бизниси се видливи

„Јас сум еден од најголемите критичари на Преспанскиот договор и ќе останам таква иако добив виза за САД. А, тоа значи Американците водат една висока дипломатија, Западниот Балкан го гледаат како рак рана потонат во тешка корупција. Тоа е изворот вистински на нестабилност на државите, знаете ако правите коруптивни зделки и внатре во државата, па богами и ако продавате на соседите банки, земјиште, е тоа е за нив корупција и тоа нешто што не можат да го простат. Ние овде не можеме да издадеме 215 пасоши на нарко криминалци и тоа да не го види State department. Не можеме ние DEA да ни доаѓа овде да ни ги брка нарко криминалците со марихуана и тоа да не го види State department“, истакна Солза Грчева во „Само вистина“.

Грчева додаде дека Бајден ја издаде оваа наредба преку документот по мега скандалите на Владата која ги направи во Македонија.

„На црна листа за договорот со Бугарија ќе бидат ставени они што ги попречуваат евроинтеграцијата на Македонија, а тоа се Бугарите, а не ние“, нагласи Грчева.

 

Грчева посочи дека опозицијата мора да се окрупни, ако сака граѓаните во Македонија подобро да живеат, а Заев да си замине од власта.

21.06.2021 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега