Грчки остров на големо се подготвува да ги прими туристите

На островот Миконос туристичките работници се брзаат за да се подготват за претстојната сезона за да ги дочекаат туристите откако два месеци хотелите беа затворени поради пандемијата од коронавирусот.

Бидејќи рестораните и баровите би требало повторно да отворат на 25 мај, во тек се завршните подготовки за обнова на продавниците и улиците.

Сите хотели повторно ќе отворат на 15 јуни, а меѓународните летови ќе се вратат на 1 јули.

Во познатата Мала Венеција на Миконос и на старото пристаниште се изведуваат интензивни поправки на патиштата кои беа уништени поради зимските временски услови. Големите брендови почнаа да ги освежуваат своите продавници.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега