Грчки професор објаснува: Ваквите опасности ќе бидат се почести

„Никогаш досега не сме доживеале таков феномен на Халкидики во однос на неговиот обем и јачина, две големи фактори“, изјавил денеска професорот Ефтимис Лекас зборувајќи за разорната бура која ја зафати северна Грција во ноќта меѓу средата и четвртокот.

Како експерт за управување со природни катастрофи, Лекас напоменал дека светото се противи на „новите видови опасност“ чии варијации во голема мера се непознати и дека мора да се прилагодиме на нивната се почеста појава.

„Имаме слика од она шпто се случи од првиот момент, но ги анализираме карактеристиките на феноменот и сметаме дека бил единствен“, рекол Лекас.

„Секоја појава е во извесна мера единствена, секако, но она што ме изненади лично, е дека секогаш се соочуваме со нови видови опасност“, истакнал тој.

Како пример, тој навел патување во Индонезија пред 6 месеци со тим научници, за да го проучат цунамито кое се случило без никаков претходно земјотрес, нешто што никогаш претходно не било забележано.

„Мораме да ги заборавиме старите структури за вонредни ситуации и се што знаевме досега. Мораме да се прилагодиме на појавата на нови опасности чии димензии и карактеристики не ги знаеме, опасности кои ќе бидат се почести“, рекол тој и додал дека постојано ќе има подрачја зафатени со силен интензитет.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега