Грција прва православна земја што ги легализираше геј браковите

Грција стана првата земја со мнозинско православно население што ги легализира истополовите бракови

Оваа одлука на грчките власти значи дека на истополовите парови сега ќе им биде дозволено да посвојуваат деца.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе се справи со сериозната нееднаквост“.

Како што пишува Би-би-си, законот ја подели земјата, а жесток отпор води Грчката православна црква.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се залагаше за нацрт-законот, но му беше потребна поддршка од опозициските партии за да го соберат мнозинството во парламентот.

Она што беше дополнителен проблем е што пратениците од неговата владејачка централнодесничарска партија се спротивставија и на усвојувањето на законот за легализација на истополовите бракови, пренесува медиумот.

„Луѓето што беа невидливи, конечно, ќе бидат видливи околу нас, а со нив многу деца, конечно, ќе го најдат своето вистинско место“, рече Мицотакис во парламентот за време на дебатата.

На предлог-законот му беше потребно просто мнозинство за да помине во 300-члениот парламент.

Дваесет земји во Европа веќе ги легализираа истополовите бракови, но одлуката на Грција да им се придружи, според написите, е преседан, особено што таа е првата православна земја што го направи тој чекор.

 

16.02.2024 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега