Грција започна да издава дигитален сертификат за вакцинација

Грција започна да издава дигитален сертификат за вакцинација против коронавирус, а грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека станува збор за уште една грчка иновација.

Мицотакис на состанокот за спроведување на националниот план на Грција за вакцинација на населението, изјави дека таа потврда не значи ограничување, туку дополнително олеснување на движењето и патувањето.

 

Премиерот на Грција наведе дека сертификатот ќе служи како еден вид на потврда на законска вакцинација против коронавирусот, но и за лична употреба на граѓаните. Мицотакис уште еднаш го повтори својот предлог до Европската унија за креирање на единствен сертификат кој ќе биде изработен по европски стандарди.

„Не станува збор за никакво ограничување, туку тоа ќе ни олесни да се ослободиме од рестрикциите кои моментално ги наметнува коронавирусот во патувањата на европските граѓани. Тоа е нешто што посебно ќе му значи на нашиот туризам и нашата економија, посебно во пресрет на летната сезона“, изјави Мицотакис.

 

За предлогот на Мицотакис за креирање на единствен сертификат утре ќе се дискутира на Самитот на Европската унија, а Мицотакис изрази надеж дека ќе се постигне договор за ваквиот ситем на сертификација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.01.2021 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега