Грковска: Дигитална трансформација на општеството е неминовна, основна алатка за тоа е електронската лична карта

„Дигиталната трансформација на општеството е неминовна, бидејќи механизмите што дигиталните алатки ги даваат за функционирање на општеството овозможуваат да имаме јавна администрација која ќе биде ефикасен сервис на граѓаните. Дополнително, на тој начин физичкиот контакт помеѓу барателот и давателот на услугата е сведен на минимум, а со тоа се намалува можноста за корупција“, изјави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во вечерашното гостување за Дневникот на ТВ „Сител“.  
„Дигиталната трансформација на општеството обезбедува транспарентност и отчетност. Тоа се покажало како успешно и во поразвиените држави, кои се понапред со процесот на дигитализација. Да немаме илузии дека ќе ја сведеме корупцијата на нула. Таа појава постои и во високоразвиените земји, но факт е дека една од добрите алатки која е дел од добрите политики владеење“, оцени вицепремиерката Грковска.
 
Таа информираше дека нејзиниот Кабинет има координативна улога во овој процес, во кој се работи на обезбедување на основната алатка за успешна дигитализација, а тоа е електронска лична карта.
 
Вицепремиерката Грковска истакна дека се работи и на подобрување на координираност на инспекциските служби, за што клучна алатка е Е-Инспектор, која е во соработка со Инспекцискиот совет и УСАИД.
 
„Кодот со Одлука на Владата е даден во владение на Инспекцискиот совет, благодарение на што таа алатка ќе продолжи да се развива на останатите 13 инспекторати. На овој начин инспекторатите се усогласени и координирани“, додаде вицепремиерката Грковска.  
20.05.2022 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа