Грмежи, силен ветер и пороен дожд - очекувајте драстична промена на времето

Почнувајќи од утре, па во текот на следните денови поради судир на две воздушни маси (многу топлата од југ и постудената од север), ќе бидеме под влијание на нестабилна воздушна маса која особено во попладневните и во вечерните часови ќе условува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира метеорологот Славчо Попоски.

Локално процесите има услови да бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силни електрични празнења, силен ветер  и појава на град. Токму поради ова, односно во следните денови во случај на појава на НЕВРЕМЕ граѓаните да бидат претпазливи.

Максималните дневни температури на воздухот, особено за време на викендот ќе бележат тенденција на пат и во сабота ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега