Груби-Абазовиќ: Членството во НАТО и аспирациите за ЕУ-интеграција влог кон стабилноста и развојот на регионот

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби оствари онлајн средба со вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на која двајцата разменија мислења за актуелните политички теми во земјата и регионот.

-Полноправното членство на Северна Македонија и Црна Гора во НАТО, пријателството со меѓународната заедница и особено со стратешките партнери на двете земји, Соединетите Американски Држави и заедничкиот пат кон Европската Унија се додадена вредност за развојот на регионот и особено за мирот и стабилноста, се согласија на онлајн средбата Груби и Абазовиќ за време на онлајн средбата.

Како што соопштија од кабинетот на првиот вицепремиер, двајцата заедно високо ја оценија соработката меѓу Република Македонија и Црна Гора, која, сметаат, е на одлично ниво.

Првиот вицепремиер Груби му честиташе на неговиот колега Абазовиќ за функцијата вицепремиер и за успешното спроведување на досега клучните политики кои одат во прилог на сите граѓани во Црна Гора. Тој нагласи дека Македонија е посветена на исполнувањето на потребните реформи и обврски со цел што побрзото отворање на преговорите со Европската Унија.

Абазовиќ. пак, истакнал дека Република  Македонија е пријателска земја и стратешки партнер на неговата земја и дека односите со Скопје се изградени преку дијалог и добра соработка. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2021 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега