Груби: ДУИ нема да биде дел од влада каде е и Левица

Поранешниот пратеник на ДУИ и десна рака на лидерот на партијата Али Ахмети, Артан Груби во интервју за албанскиот весник Шкип, зборува за идните планови на неговата партија по изборите на 15 јули.

На прашањето дали Зоран Заев го прифаќа условот на ДУИ за албанскиот премиер и дали ДУИ е подготвена да преговара со ВМРО на Мицковски,  Груби истакна дека ДУИ нема да биде дел од која било коалиција во која е Левица на Апасиев.

-Не сакаме да бидеме дел од евентуално алтернативно мнозинство, каде е и Левица,  за нас е неприфатливо и не сметаме на соработка со овој деструктивен и регресивен ентитет. Нашиот пат кон еднаквост и интеграција во НАТО, ЕУ не смее да биде загрозен од никого и тоа нема да го дозволиме, рече Груби.

Во врска со гласините дека ДУИ се откажува од идејата за Албанец премиер, Груби вели дека вистината е дека ДУИ има потреба од обединување на Албанците за да се постигнат национални цели, а не од „ножеви зад грб“.

Според Груби, сите албански партии ја поддржуваат идејата на првиот албански премиер во Македонија и тоа е остварливо и е во најдобар интерес на земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега