Груби: Ги чекаме конечните резултати за да ги засилиме контактите со СДСМ

Организацискиот секретар на ДУИ Артан Губи во интервју за албански „Шчип“ рече дека достигнувањата во коалицијата со СДСМ за Албанците се големи. Порача дека со СДСМ имаат секојдневни контакти кои очекува да се засилат со формирање на институции.

-Ние сè уште сме колеги во Владата и нашите контакти се секојдневни како две главни партии во земјата. Чекаме да заврши крајот на жалбениот процес и да ги продолжиме и засилиме контактите за воспоставување на институциите кои излегоа од изборите на 15 јули во соработка и одговорен дух., вели Груби во интервјуто.

Тој е дециден дека договорите со Грција и Бугарија, но и Охридскиот се црвени линии за неговата партија и Ахмети.

Од нив вели нема враќање назад по ниедна цена и по н ниедни околности, макар и по цена на опозиција. Токму затоа вели Груби, ДУИ нема да биде дел од „алтернативно мнозинство, во кое ќе ја има и „Левица“.

-Дел од некое евентуално алтернативно мнозинство би била партијата „Левица“ и ова е неприфатливо за нас и не доаѓа во предвид соработка со овој деструктивен и регресивен ентитет. Нема да дозволиме да се вратиме назад, без оглед на тоа дали сме во позиција или во опозиција. Нашиот пат кон еднаквост и интеграција во НАТО и во ЕУ не смее да биде загрозен од никого и тоа нема да го дозволиме, изјави Груби.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега