Груби - Ханеда: Треба да се зајакне економската размена помеѓу Северна Македонија и Јапонија

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби, денес во својот кабинет оствари проштална средба со Кеико Ханеда, амбасадорка на Јапонија во Република Македонија по повод крајот на нејзината дипломатската мисија.

Првиот вицепремиер, Груби, му пренесе на амбасадорката Ханеда дека Јапонија и нејзиниот народ симболизираат пријателство и успех, и во овој поглед, во интерес на Северна Македонија е да ги примени најдобрите јапонски искуства и кај нас. Исто така разговаравме и за брзиот развој што Јапонија го одбележува секој ден во областа на економијата.

Груби ја информираше јапонската амбасадорка дека во улога на координатор на политиките тој ќе гарантира кохезија во владината коалиција и ќе ги координира и насочува процесите и спроведувањето на владината програма. Груби исто така рече дека кохезијата на владините партнери веќе се рефлектира и во јавноста.

Првиот вицепремиер за време на оваа средба и порача на амбасадорката на Јапонија дека патот на неселективната правда и владеењето на правото ќе се постигнат само со целосна транспарентност и преку ветинг за носителите на јавни функции, судии и обвинители.

Од своја страна, јапонската амбасадорка, Ханеда, на Груби и кажа дека Јапонија ќе продолжи да ја поддржува Македонија. Според неа, јапонската поддршка е докажана преку економската соработка, грантовите во здравството, образованието и во пружената помош за развојот на локалната самоуправа.

Во име на Владата, првиот вицепремиер Груби и се заблагодари на јапонската амбасадорка, г-ѓа Кеико Ханеда за пријателските односи меѓу двете земји и за помошта што Јапонија им ја нуди на граѓаните на Северна Македонија преку донации во здравствениот систем.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа