Груби: Ќе работам за оние кои гласаа за нас, уште повеќе за оние кои гласа против, а најмногу за оние кои воопшто не гласаа

Првиот заменик-претседател на Владата на Република Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на денешната прес-конференција изјави дека има света и суштинска задача да ја спроведува агендата. 

„Обврска ми е да се грижат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, но и за добра кохезија за сите“, реле Груби. 

Вети дека ќе ги мониторираат реформите, да има неселектива правда преку ветингот, ќе ги распоредат вработените преку Рамковниот договор, ќе соработува со бизнис секторот. 

Груби вети дека ќе работи на подобрување на пријателството со САД и ЕУ. 

„Оние што ме познаваат знаат дека јас не престанувам да работам и не дозволувам да ги разочарам граѓаните. Ќе работам за оние кои гласаа за нас, уште повеќе за оние кои гласа против, а најмногу за оние кои воопшто не гласаа', додаде Груби. 

Вели дека неговата мисија ќе биде рамноправноста. 

На граѓаните им порача да ги ценат по работата, а не по зборовите, по спроведувањата, а не по ветувањата. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2020 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега