Груби на средба со романскака амбасадорка Аксинте: „Сега заслужуваме датум“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби го пречека денес на состанок новиот амбасадор на Република Романија во Република Македонија, Адела Моника Аксинте.

На средбата, амбасадорката Адела Моника Аксинте потенцираше целосна поддршка од нејзината земја за европските перспективи.

Во оваа насока, се проценува дека постои стратешки интерес на целиот регион и Европа, дека овие перспективи се силна порака за нашата земја да го продолжи понатаму патот на реформите за кои е во најдобар интерес на граѓаните, а исто така и за реализација на стратешките цели.

Груби за време на состанокот, ја информираше амбасадорката Аксинте за политичките процеси во земјата, реформите во администрацијата и правосудниот систем, процесот на регистрација и зборуваше за локалните избори кои се очекува да се одржат некаде во крајот на годината како и имунизацијата што се прави на ниво на целата држава.

Членството на Република Северна Македонија во НАТО, Груби и Амбасадорот Аксинте, го проценија како придонес кон безбедноста на целиот регион, истовремено поздравувајќи ги развојните политики на мултикултурализмот како пример во широки рамки.

„Нашите граѓани и нашата земја заслужуваа отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Направивме сè и сега е редот на Брисел“, рече Груби.

Груби и Аксинте разговараа и за унапредување и на соработката меѓу двете земји во областа на економијата, трговијата, енергијата, транспортот, туризмот, културата и образованието.

09.06.2021 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега