Груби: Не можам да ги разберам сомнежите кај граѓаните за проектот „Бехтел и Енка“

 

„Не можам да ги разберам сомнежите кај граѓаните што ги имаат за проектот „Бехтел и Енка“, изјави првиот вицепремиер Артан Груби во вечерашното гостување во Централниот дневник на СИТЕЛ ТВ, коментирајќи ја последната анкета на Маркет Вижн, во која голем дел од граѓани искажуваат став дека се сомневаат дека има корупција во овој проект.

„Се работи за еден огромен проект, којшто е многу транспарентен, потпишан по усвоен закон на Собранието. Потврден од страна на Уставниот суд, двапати, не само еднаш. Целата постапка беше транспарентна, вклучени беа и други институции. Го повикавме и ВМРО-ДПМНЕ, имаше резервирано место за нив“, изјави Груби во вечерашното гостување.

Тој кажа дека граѓаните биле ставени во заблуда, од страна на опозициската кампања и медиумската кампања против проектот коридорите 8 и 10д. 

27.06.2023 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега