Груби: Не можеме да го убедиме Ахмети да се кандидира за Претседател - тој е визионер а не функционер

Артан Груби смета дека се сѐ помали шансите Али Ахмети да биде претседателски кандидат и оти е тешко да се убеди да се согласи.

– Убедувањето на Ахмети оди тешко. Го знаете неговиот став: Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум во политичка партија, ниту во политиката за да добијам функција, туку за мисијата да ми биде успешна. И пред тој аргумент мора сите да се повлечеме. Но, ако прашате кој било член на ДУИ, кој било гласач на ДУИ, секако дека ќе се определи за Али Ахмети, рече Груби во емисијата „360 степени“

Во такв услови, големи се шансите ДУИ да го кандидира Бујар Османи. Од партијата велат дека до овој момент, за тоа немаат донесено одлука но дека е извесно дека партијата ќе оди со свој кандидат, особено откако во претседатлеската трка веќе се вклучи Арбен Таравари.

 

20.02.2024 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега