Груби: Нелогична и неконзистетна е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за одлуките за вонредната состојба

Првиот вицепремиер во Владата Артан Груби денеска изрази надеж дека дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преиспита одлуката да не гласа за уредите за вонредната состојба на претседателот Стево Пендаровски. Груби вели дека опозицијата учествуваше во техничката Влада и оти  нелогично е и неконзистентно политички да не поддржуваш нешто во Собрание за што претходно си се согласил.

-Знаете кога се донесоа сите тие уредби ВМРО-ДПМНЕ беше дел од таа Влада и гласаше за тие уредби и беше дел од донесувањето на сите тие уредби. По формирањето на техничката Влада и оставката на господинот Зоран Заев и формирањето на техничка Влада, согласно пржинскиот договор и Законот за влада за организирање на изборите, ВМРО-ДПМНЕ со свои министри и со свои заменици министри кои имаа право на вето со врзан потпис во клучните министерства беше дел од таа Влада и беше дел од изгласувањето на сите тие уредби кои ги носевме за да ја менаџираме пандемијата и состојбите кои се создадоа во нашето општество. Нелогична е и неконзистентна е одлуката, една одлука која што си ја гласал во Влада да не ја гласам и во Собрание. Се надевам дека ќе рефлектира по сите овие одлуки и дека ќе дадат поддршка за двотретинските закони, рече Груби по посетата на компанијата „Бако нутс“.

На минатата владина седница, како што рече, било договорено за сите двотретински закони, пред да бидат пуштени во процедура да се консултираат со опозицијата и таа да биде вклучена во процесот на изготвување драфт – текст на закон.

-Ќе ни треба и нивната поддршка. Се работи за реформски закони кои се битни откако ќе ги почнеме преговорите со ЕУ. Мислам дека овој начин би бил добар, на консензуално донесување на закони и усвојување во Собранаието. Во однос на правната несигурност, повторно велам дека тие учествуваа во  носењето на уредбите и нелогично е и неконзистентно политички да не поддржуваш нешто во Собрание за што си се согласил, рече вицепремиерот.

Во однос на предлогот за етничко субвенционирање на вработување во приватни компании, одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема донесено одлука за ваква мерка, туку дека само е отворена дебата во јавноста. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2020 - 14:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега