Груби: Нема договор за коалицирање со СДСМ, разговорите течат

ДУИ нема договор за коалицирање со СДСМ, вели портпаролот на партијата, Артан Груби за „А1он“. Тој не сакакал да каже детали, туку само посочил дека преговорите течат.

„Ние и натаму разговараме со СДСМ и се обидуваме да постигнеме договор. Доделувањето на мандатот е одлука на претседателот“, рече кратко Груби.

Груби вели дека негов личен, а не партиски став е дека Пендаровски го доделува мандатот на партијата со најмногу мандати, како што било праксата и претходно.

Инаку, шефот на државата, Стево Пендаровски, утре (четврток), мандатот за состав на Влада ќе му го довери на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Одлуката на Пендаровски доаѓа откако добил известување од Заев дека коалицијата „Можеме“ обезбедила мнозинство во Собранието.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.08.2020 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега