Груби: Оптимист сум за резултатите од посетата во Софија

Во рамките на официјалната посета на Софија, Република Бугарија и со цел продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји, првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби придружуван од министерката за култура г-ѓа Бисера Костадиновска Стојчевска и министерот за образование и наука г-дин Јетон Шаќири, претседаваше со работната група од областа на културата, образованието и науката, туризмот и младите и спортот.

Четвртата работна група во чиј  фокус се културата, образованието и науката, туризмот, како и младите и спортот, решиле како задача да преземат чекори од двата планови за изработка на сеопфатна програма за соработка во овие области.

„Многу позитивна атмосфера и многу топло гостопримство од нашите бугарски колеги и штотуку ја завршивме првата седница на комисијата за култура, образование и наука, млади и спорт и туризам и јас сум огромен оптимист за постигнувањето на многу заеднички проекти кои ќе ги реализираме во следните месеците, потпишуваме многу меморандуми за соработка меѓу двете страни и ценам дека оваа седница на комисијата, но и пленарната седница што ќе следи ќе биде успешна и убеден сум во многу оптимистички резултати од целата наша посета на Софија“, нагласи Груби.

Надлежните информираат дека заедничките приоритети во овие области на кои ќе работеле во наредниот период биле?

- објавување на огласот за лого и слоган на заедничките владини седници

- составување на заеднични културен календар;

- унапредување на соработката меѓу универзитетите од нашите земји за поатрактивни студиски програми, размена на искуства и можност за практична настава ;

- организација на заеднички научни конференции;

- организирање на еден фудбалски натпревар меѓу владините кабинети;

- интензивирање на соработката помеѓу Агенцијата за Mлади и Спорт на нашата земја и Министерството за Млади и Спорт на Република Бугарија;

- взаемно промовирање на атрактивните туристички дестинации и продлабочување на соработката во областа на туризмот како силна предиспозиција на економскиот развој.

 

25.01.2022 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега