Груби: Премиерот Албанец го предлага Ахмети, ВМРО-ДПМНЕ може да предложи кога ќе победи на избори

ВМРО-ДПМНЕ прво мора да победи на парламентарни избори, па дури потоа да предлага премиер Албанец, вели вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Артан Груби во изјава за ТВ 21.

Ова доаѓа откако претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предложи наместо Димитар Ковачевски, Африм Гаши да биде мандатар во Владата до изборите.

-Предлогот доаѓа од редовите на Демократската унија за интеграција, поточно од г. Али Ахмети и не може да предложи ниту една друга партија согласно договорот, особено не ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие го немаат мандатот. Во моментот кога ќе го добијат мандатот на парламентарните избори, ако ВМРО предложи Албанец за премиер наместо господинот Мицкоски или кој било друг што го планираат за мандатар, ние сепак ќе го поддржиме, изјави Груби во изјава за ТВ21.

 

17.12.2021 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега