Груби задоволен: Добивме ново големо министерство

Артан Груби, првиот вицепремиер од редовите на ДУИ,  денеска изјави ДУИ ќе го добие министерското место за земјоделство, откако го отстапи Министерството за информатичко општествпо и администрација. 

Вели дека ДУИ се задоволни од распределбата на министерските места.

„При тие услови на преговарање меѓу постоечките коалициони партнери и новите коалициони партнери кои што ќе дојдат, сите секако дека отстапуваат места кои што ги имале дотогаш. Ние всушност во Владата отстапивме од Министерството за информатичко општество, а го добивме ресорот земјоделие, кој што е многу голем, каде што имаме многу многуи значајни проекти кои што ги имаме во нашата програма, и за кои проекти ни е многу значајно да ги имплементираме“, изјави денеска за медиумите Артан Груби.  

За ДУИ ќе биде прифатлив и нов мандатар, кој би дошол на местото на премиерот Зоран Заев, кој поднесе оставка. 

„Зошто не би бил прифатлив и нов мандатар. Ја почитуваме одлуката на Социјалдемократскиот сојуз. Кого и тие да изберат за претседател, кого и да го предложат за нов мандатар, секако дека ние тоа ќед го прифатиме“, рече Груби.

06.12.2021 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега