Груби: Зошто Села наместо да им помогне на семејствата на настраданите, ја користи трагедијата за ситни политички поени?

Вицепремиерот Артан Груби наместо одговор на лидерот на Алијаса за Албанците Зијадин Села за тоа што барал да се шета во модуларната болница во Тетово, по пожарот, возврати со прашање зошто тој не ги посетил семејствата на загинатите и зошто не побара извинување од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за 27 април.

– Зошто Села не го праша Христијан Мицкоски што барал на 27 април во Собранието и зошто тој не побара извинување од Мицкоски и од ВМРО-ДПМНЕ за тоа што му се случи на 27 април. Тоа е прашањето на кое Села треба да даде одговор. Тој треба да им објасни на своите гласачи зошто за потребите на Таравари, за тој да има каква било шанса да се натпреварува во Гостивар, ја жртвува целата политичка кариера што ја изгради врз основа на настаните од 27 април, каде Мицкоски беше дел од толпата која влезе во Собранието. Зошто Села и Таравари не беа во Тетово, да ги посетат семејствата и да го посетат местото каде што се случи огромна трагедија, невидена на нашите простори одговори со прашања Груби.

Вчера Села во гостување на ТВ 24 рече дека го интересира што барал Груби заедно со група од 20 партиски членови да шета по модуларната болница.

16.09.2021 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа