Груевски: Анкетниот лист го доставив до ДКСК во законскиот рок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски како невистинити ги оценува тврдењата дека по напуштањето на премиерската функција не доставил анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). 

- Согласно обврските, во законски предвидениот рок уште на 8 февруари 2016 година до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) го доставив анкетниот лист. Ја користам оваа прилика, да ја повикам јавно ДКСК на заинтересираните медиуми слободно да го презентира анкетниот лист и имотната состојба која што ја имам наведено во него, се вели во пишаната изјава на Груевски во врска со тврдењата за недоставувањето на анкетниот лист

 
 
06.04.2016 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега