Груевски: Јанкуловска и Протуѓер се понижија признавајќи вина

Поранешниот премиер и азилант Никола Груевски смета дека обвинетите во случајот „Титаник“ верувајки дека со тоа ќе одбегнат поголема штета, се понижуваат и се принудени самите да си признаат вина.

-Да имаа докази за нивна вина, немаше судењата по 5-6 години да бидат на самиот почеток. Немаше на овие луѓе да треба да им се закануваат со отворање нови судски случаи против нив, немаше да им нудат не започнување на нови конструирани случаи кои им ги најавуваат. Ниту пак ослободувања, ублажувања, преквалификации или повлекувања на дел на обвиненијата со иста цел, или условни казни за дел од актуелните конструирани случаи против нив, пишува Груевски на Фејсбук.


Тој додава дека со “стап и морков” стратегија, денес се одржа однапред режирана седница во судот.

-Од чии исход има најмалку правда и реална вина на оние кои ја признаа, а најмногу режии на политички судски прогони со долгорочни последици, од едно време кое никогаш не е видено на просторот на Македонија, додава Груевски.

Условна казна за Гордана Јанкуловска, Мартин Протуѓер и четворица други, а ублажена казна за Миле Јанкиески, побара денес обвинителката Лиле Стефанова откако овие осумина признаа вина во целост или делумно во случајот „Титаник“.

11.02.2022 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега