Груевски најави силна кампања и голема победа: Нема да го оставам Заев да земе воздух на терен

Овие избори ќе бидат поразлични и по една друга работа, јас ќе бидам во 4-тата изборна единица. Едноставно, дојде време Заев откако не се кандидираше на листите во 2014-та, и откако како кандидат за премиер не дојде да се кандидира во ИЕ 1 во главниот град на државата, јас да отидам во ИЕ која тој ја избра, изјави вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Коннцијата на владејачката коалиција.

-После се што се случи, потребно е да му се даде можност на народот да одлучи за премиер меѓу мене и него, и на целата територија во Македонија, но и во 4-тата ИЕ. Каде лично и двајцата како индивидуи ќе ја побараме поддршката на граѓаните. Време е заедно со народот, да го соочам со реалноста и да го победам, поточно заедно со народот да го победиме и да претрпи директен пораз во изборна единица која тој ја избра и во градот каде е градоначалник, да види на свој терен, во својата околина што мисли народот за сите негови лаги кои ги искажа за мене, а не да ми пушта во изборната единица 1, луѓе кои ги мести да изгубат за да не му бидат конкуренција после изборите во трката за избор на претседател на СДСМ. Да види Заев дали му проаѓаат приказните и манипулациите кои ги конструираше за мене, и да види што за него мислат луѓето не само од цела Македонија, туку и од регионот во кој тој живее, рече Груевски.

Да видим нагласи Груевски, дека никој не му се плаши туку напротив, ако тој се уплаши и избега, како што беше ред да дојде ако е кандидат за премиер да се соочиме двајцата пред граѓаните во единицата, во главниот град, сега јас ќе одам онаму каде тој одбра дека за него е најдобро да бара поддршка. Така во 4-ката граѓаните освен што ќе избираат директно носители меѓу мене и него, како и во другите ИЕ ќе бираат директно и кандидати за Премиер.

-Нема да го оставам да земе воздух на терен, и овие избори заради неговиот пораз во 4-ката и во Струмица кој е извесно дека ќе се случи затоа што народот таму најдобро го познава, ќе биде пресуден за неговата политичка кариера. Заедно со мнозинството народ и особено со граѓаните од тој регион не само што ќе покажеме каков е одговорот на овој слободоумен народ кога некој сака на нечесен начин и со надворешна помош да дојде на власт, туку ќе испратиме порака и до многумина други, дека тоа што го наумиле, не може така да помине кај овој народ, кај овие луѓе, кај оваа генерација Македонци. Во единицата со оглед на нивниот слаб кандидат кој сопствениот народ се дрзна да го нарече стока и кој претрпе историски пораз од Ѓорѓи Иванов, очекуваме резултати исти и подобри од 2014-та, во двојката, тројката, петката и шестката слично како 2014-та ќе бидат силно поразени, и мора сите заедно да стигнеме до посакуваната бројка од 63 пратеници, затоа што веќе на секого му е јасно што сакаат да прават со оваа држава, и во кој правец ќе се движат нештата ако немаме 63 места во парламентот. Ова е времето. Сега му е мајката да биде поразен Заев и сета негова деструктивност и црни сценарија, рече Груевски.

Тие, потенцираше Груевски, ќе продолжат со две работи, “а ние со една“. Звучи многу едноставно.

-Јас мислам и дека е всушност сосема едноставно како што е едноставен и јасен изборот и одлуките кои треба да се донесат на овие избори. Тие се сега во очај и полни со омраза и гнев, од друга страна имаат обврски кон некои кои ги помагаат и ќе мора да исполнуваат работи кои ќе бидат побарани од нив. Во сиот очај и омраза, од една страна ќе се координираат со нивното СЈО за да прави спектакли мислејќи дека нешто ќе добијат од тоа, но се лажат, нашиот народ знае што е што, а од друга страна ќе се обидуваат да пакуваат афери и наводни скандали, преку разни методи фалсификати и слично, преку вториот дел од фабриката на Чауш, со нивното криминално разузнавачко подземје. Во исто време Заев ќе оди низ Македонија онака благо поднасмеан и ќе нуди невозможни работи, високи плати, тринаести плати, гасовод по теркот во Струмица и Куманово кој практично и не е гасовод, ќе враќале 15% ДДВ на граѓаните, или па оној проект без никакво објаснување дека семејствата ќе имале поголем буџет, работи кои никогаш не може да ги испорача, без да каже како ќе го направи тоа…знаете онака ќе си каже нешто и кој му поверува добро, кој не ќе проба со нешто друго да го прелаже, и тоа за него е наједноставниот пат, зашто за тој човек зборот нема вредност, и тој многу добро знае дека утре нема да мора да го исполнува зборот зашто е свесен дека ќе изгуби, но си вика да пробам вака да ќарам некој глас, се сеќавате на она со на Мирчо Свињарнико и едното евро за вицето, тоа е отприлика концептот на даден збор кај него, рече Груевски.

-Станете браќа и сестри, станете граѓани на оваа земја, станете Македонци, Албанции, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати да покажеме што е Македонија! Да направиме да се гордеат нашите поколенија со нас и со нашата улога во историјата за нашата држава, заврши Груевски.

Прашањето кое секој треба да си го постави пред својот избор овие денови пред нас е: Со кого ќе ви биде на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно и побезбедно, кој има подобар кадар и програма, кој држи повеќе до зборот, кој ќе отвори голем број нови работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнете назад… кој ќе ги штити државните интереси подобро, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во 4 ИЕ на коалицијата „За подобра Македонија“.

-Во суштина ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави. Ова е избор за тебе и за Македонија. За твојата Македонија во која ти веруваш, за независна, самостојна и суверена Република Македонија! Одиме на голема победа! Одиме на 63 пратеници! Спремете ги чевлите, подгответе ги јакните, наоружајте се со аргументи кои никој не може да ги собори, аргументите се на наша страна…. Тргнуваме на овој нас последен дел од патот до Големата победа! Ива се важни избори…важни за нашата земја…важни за секој граѓанин на оваа земја!, рече Груевски.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија, од Скопје до Гевгелија, од Тетово до Куманово, Делчево, Берово и верниот исток,
Прилеп, Велес, Струмица, Кавадарци, Неготино, Битола, Охрид, Ресен, Струга, Брод, Сопиште, Штип, Радовиш, Дебар, Дојран, Неготино, Крива Паланка, Кичево….Росоман….Градско, Кочани, Вевчани, Чешиново-облешево, Демир Капија, Демир Хисар, …
од единицата, двојката, тројката, четворката, петката и шестката.

-Станете браќа и сестри, станете граѓани на оваа земја, станете Македонци, Албанции, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати да покажеме што е Македонија! Да направиме да се гордеат нашите поколенија со нас и со нашата улога во историјата за нашата држава, заврши Груевски.

 
 
13.11.2016 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега