Груевски си замина од Собранието - другите пратеници чекаат, и натаму нема седница

 

Поранешниот премиер Никола Груевски повторно си замина од Собранието на Македонија, каде што во секој момент треба да почне седницата за уставни измени. Другите пратеници негови сопартијци и натаму се во Собранието и чекаат да започне седницата, пренесува ТВ 21.

Собраниската седница на која треба да продолжи расправата за пристапување кон уставни измени иако беше најавена за 15 часот, се уште не е започната и не се знае кога и дали воопшто ќе започне.

Според информациите од Собранието, во зградата се уште е премиерот Зоран Заев кој пристигна околу 12 часот за кога првично беше најавено продолжението на оваа седница.

 

 

 

19.10.2018 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега