Груевски во Штип: Продолжуваме со инвестициите за изградба на водоводна и комунална инфраструктура

Во своето обраќање пред граѓаните на Штип, премиерот Никола Груевски истакна дека се продолжува со инвестициите за изградба на водоводна и комунална инфраструктура.

-Во Виница, отпочната е реконструкција на водоводна мрежа во с. Блатец која очекуваме да заврши во септември. Во Кочани, во тек се градежни зафати за одвојување на фекалната од атмосферска канализација кои ќе завршат до јуни. Во Пробиштип, во јуни ќе почне процес на подобрување на системот за водоснабдување, а во октомври-ноември изградба на водоводна мрежа и канализација. Во Свети Николе и во Пехчево, во септември-октомври започнува изградба на канализации. Во Берово, во јуни-јули отпочнуваме со изградба на дел од главен колектор за викенд населбата Беровско езеро, а во август и септември со изградба на водоводна мрежа за с.Ратево, потенцираше премиерот.

Тој истакна дека само овие проекти вредат вкупно околу 3 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

29.03.2015 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега