Групна тепачка во Чаир - еден избоден и еден приведен

На улицата „Цветан Димов“ синоќа избила тепачка меѓу неколку лица, при што со остар предмет е повредено 24-годишно момче, сооштија од Министерството за внатрешни работи. 

Во околу 01:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Цветан Димов“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу неколку лица.

Притоа, на 24-годишниот А.Р. му била нанесена повреда од остар предмет и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Исто така приведено е и едно лице, 29-годишниот Б.Б., кој бил задржан во Полициската станица Бит Пазар. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега