Групна тепачка во двор на средно училиште во Велес

Во СВР Велес вчера околу 13.00 часот вчера било пријавено дека во двор на велешко средно училиште во Велес, по кратка расправија, дошло до физичка пресметка меѓу група малолетници.

Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес,Верољуб Додевски, во тепачката учествувале тројца малолетници од населба Чашка, од една страна и двајца малолетници од село Извор и село Оморани, од друга страна.

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, најави Додевски.

26.10.2021 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа