Групна тепачка во Тетово: Тргнал да ги брани, па го претепале со дрвена палка

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(59) и А.А.(25), двајцата од с.Добарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 24.04.2020 во с.Добарце, во дворот од куќата на И.М.(43), а поради  нерасчистени меѓусебни односи, второпријавениот започнал вербална расправија, а потоа и физички го нападнал И.М., по што заминал.

По ова, внукот на И.М. отишол во домот на пријавените, каде тие физички го нападнале, а откако дошол и И.М. со намера да ги раздели, со употреба на метален предмет и дрвена палка бил нападнат од пријавените, здобивајќи се со тешки телесни повреди. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега