Губат по 6 милиони долари дневно: Коронавирусот удри по автоиндустријата

Затворањето на фабриките во кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот им наштети на странските производители на возила.

Производителите, меѓу кои се Хонда, Нисан, Џенерал Моторс и Рено губат околу 5,69 милиони долари дневно, пренесуваат странските медиуми.

-Некои добавувачи на делови од Вухан се потпираат на залихите, но наскоро тие ќе исчезнат. Друг проблем лежи во транспортната мрежа, која не се врати во нормала, изјави еден инсајдер од авто-индустријата за Глобал Тајмс.

Вухан е еден од главните кинески градови на автоиндустријата и домаќин е на домашни, американски, европски и јапонски производители на автомобили.

Од производните линии на автомобилските фабрики во тој град, во 2018. година излегоа 1,7 милиони возила во вредност од околу 57 милиони долари. Со оглед на тоа што поради Вухан е во карантин, погоните во тој град мораа да го одложат повторното продолжување на производството и по продолжениот празник Лунарна нова година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега